– Не ми е јасно како луѓето веруваат во глупостите дека тенџериња и лажици може да ви стојат на раце по вакцинацијата . Јас сум апсолутно за вакцинација, луѓето ќе имаат пет вакцини за да изберат. Верувам дека за помалку од една година, ќе ја имаме таа супер вакцина што ќе ги покрие сите оние видови на ковид – рече Вучиќ и посочи дека оние што се вакцинирани имаат поголеми шанси да преживеат од ковид.