Во овој град од 11 милион и жители вчера беа откриени три нови случаи на Ковид-19, откако делта варијантата минатиот месец се појави на истокот од земјата.

Последните случаи на Ковид-19 во Вухан беа регистрирани во мај 2020 година.

-Градот почнува итно тестирање на сите жители, изјави Ли Тао, претставник на градската администрација.

Вкупно седум работници од други провинции вчера добија позитивен тест на коронавирусот, но четворица од нив не покажуваат никакви симптоми на болеста.

Од минатата пролет речиси и да нема случаи на Ковид-19 во Кина, но во последните неколку недели се пријавени нови случаи.

Денеска се пријавени 90 нови инфекции, од кои 61 се случаи на локално пренослив Ковид-19.

Во цела Кина во јули беа потврдени најмалку 300 инфекции.