По четири и пол месеци борба за живот, 18-годишниот Вукашин Црнчевиќ, кој беше сериозно повреден при уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина на 20 мај 2025 година. Тој стана 16-та жртва на оваа трагедија која и натаму ја потресува Србија.
Вукашин беше префрлен на Воената медицинска академија (ВМА) во Белград на 27 јануари. Беше стабилизиран, но остана во критична состојба. Неговата борба за живот заврши денес, оставувајќи голема празнина кај неговото семејство и пријатели.
100 дена од трагедијата во Нови Сад: Масовни блокади и студентски протести низ Србија
Студенти и професори од економското училиште „Светозар Милетиќ“, каде Вукашин учеше, денеска се простија од него.
За него, на училиштето беше поставено црно знаме, а на социјалните мрежи се појавија бројни пораки на сочувство.
Во знак на сеќавање, на повеќе локации во Нови Сад беше одржано 16-минутно молчење, по една минута за секоја жртва на трагедијата.
Трагичната несреќа предизвика протести од страна на студентите и граѓаните, кои бараат одговорност за инцидентот кој доведе до оваа катастрофа.
Извор: Република