-Армијата и полицијата ќе купат најсовремена технологија, меѓу другото произведена од Русија – изјави српскиот министер за РИА Новости.
Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека властите во земјата очекуваат ракети „Корнет“ да бидат испорачани од Русија до крајот на оваа година. „Корнет“ е модерна руска преносна противтенковска ракета наменета за употреба против основните тенкови.
Србија е најголемиот увозник на руско оружје и воена опрема во Европа.
Во последните неколку години, Русија и предаде на Србија 30 модернизирани тенкови „Т-72МС“, 30 оклопни возила „БРДМ-2“, седум хеликоптери „Ми-17“ и „Ми-35“ и шест ловци „МиГ-29“. Белград, исто така, набави и батерија од ракетни системи „Панцир-Ц1“.
Српскиот претседател истакна дека земјата сака да го има рускиот противвоздушен систем „С-400“, но дека се уште не може да си го дозволи