Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа и докажаа дека со дела и работа може да се промени сликата и реалноста во општините. 100 дена работа и проекти во интерес на граѓаните. Реализирани многу капитални проекти за подобар живот на сите граѓаните.Од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се започнати или се во фаза на реализација повеќе од 1090 проекти. Од нив над 160 капитални проекти, а започнати се со проектирање, реконструирање или градба и 33 градинки и 68 училишта,велат од партијата
За само 100 дена, 206 улици и патишта се изградени или реконструирани, а над 110 водоводни и канализациони мрежи. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги менуваат општините, промени кои ги чувствуваат сите граѓани. 100 дена ниту еден отчет од страна на градоначалниците СДСМ и ДУИ. Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и носат промени, граѓаните се сведоци на неработата на градоначалниците на СДСМ и ДУИ. Ниту еден отчет, ниту проект видлив за граѓаните од над 20тина градоначалници од власта на СДСМ и ДУИ. Наместо нешто да сработеа, од нив граѓаните видоа само лаги и омаловажување. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека може и умее. Можеме и умееме со нови луѓе, нова енергија и елан и само со труд, работа и енергија за подобар живот на сите луѓе, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.