Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на претстојните божиќни празници ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро некаде во котлините ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно тивко. Се најавува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до три степени, а максималната од седум до 15 степени.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.

В петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Претпладне в понеделник се уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.