Марко Здравковски има 25 години и боледува од канцер, а веќе некој период трае акција за собирање на средства за да се лекува во странство.

– Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот. Се собра почетната сума за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани. Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот сè ќе биде добро, напиша Марко.

Доколку сакате се уште може да донирате за Марко. Се надеваме дека се ќе биде добро.