Во текот на вчерашниот ден (03.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 133 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.