На подрачјето на СВР Тетово, денеска во периодот од 8 до 12 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 64 возачи, од кои 53 на територија на Тетово, а 11 на територија на Гостивар. 26 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.