Веќе втор ден над село Белица-Бродско беснее голем шумски пожар. Опожарена е површина обрасната со борова шума и поради тешко пристапниот терен е, речиси невозможно да се интервенира од земја. Причината за овој пожар се уште не е утврдена, но се работи за човечки фактор или гром кој го поттикнал овој пожар, изјави Живко Силјаноски, градоначалник на Општина Македонски брод.

Тој најави скорешна интервенција на пожарот со авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.