Враќањето во нормала на македонскиот земјоделство и руралните средини ќе претставува огромен предизвик за идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Се соочуваме и наследуваме огромни проблеми, односно македонското земјоделство е во масовно исчезнување на секторот, зголемена депопулација на руралните средини особено на помладите, вели Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство на денешната програмска дебата насловена „Просперитетни заедници: Земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“ при презентирање на денешната презентација на изборната програма Платформа 1198.
Трипуновски посочи дека програмата Палтформа 1198 во делот на земјоделството предвидено три основни цели за кои еден четиригодишен мандат ќе се потрошат 800 милиони евра.
Програмата ја темелиме на три основни цели кои ќе бидат водилка во наредниот период. Првата цел е зголемување на конкурентноста и подобрување на доходот на земјоделците во Македонија. Втората цел е воведување на нови технологии и иновации со кои ќе се намалува влијанието на неповолните климатски фактори кои што се се поголеми. И третата цел е развој на руралните средини со цел задржување на населението. За остварување на овие цели во рамки на еден четиригодишен мандат ќе се потрошат 800 милиони евра, дополнително со зајакнување на капацитетите на Платежната агенција ќе го забрзаме моментот на искористување на ИПАРД средствата во поголема износ, истакна Трипуновски.
Професор Драги Димитриевски се осврна на еден од клучните проблеми со кои се соочуваат земјоделците, а тоа е пласманот на производите.
Нема едноставно решение и нема една мерка со која би се решил проблемот. Затоа ние во програмата наведовме повеќе инструменти, мерки, проекти со кои ќе се решаваат проблемите на пласманот. Дел од мерките не се развиваа во време на актуелната Влада. Еден инструмент со кој ќе се подобри пласманот е наплатата што ја прават земјоделците. Тоа ќе биде кредитниот револвинг фонд наменет за кредити за обртни средства за мали и средни претпријатија и земјоделски задруги кои ќе вршат откуп на земјоделски производи за понатамошна преработка или трговија. Овој инструмент ќе овозможи полесен пристап на откупувачите до капитал со што ќе се гарантира исплатата на земјоделските производители за предадената реколта во краток рок не подолг од 30 дена, а не она што сега се случува со месеци дури и години, кажа професор Димитриевски.
Светлана Колариќ истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ преку формирање на агенција за управување со земјоделско земјиште ќе обезбеди функционално и транспарентно управување со земјоделското земјиште со цел истото да заврши кај вистинските и активни земјоделци.
Ние како влада на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после 8 мај ќе обезбедиме политики за поефикасно управување, ред се со земјоделското земјиште. Ќе го интензивираме процесот, пред се на консолидација, но основно и главно ќе биде да го ставиме севкупното обработливо земјиште во функција. Ќе го организираме регистарот на државното земјоделско земјиште, меѓутоа ќе обезбедиме мерки така што распределбата на земјоделското земјиште да заврши во рацете на вистинските и на активните земјоделци, а исто така тоа ќе го направиме и со пасиштата за и пасиштата да завршат во рацете на вистинските сточари, потенцираше Колариќ и додаде:
Ќе формираме агенција за управување со земјоделско земјиште и ова ќе биде едната од новините и бенефитите коишто ќе ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што ќе имаме едно функционално и транспарентно управување со земјоделското земјиште.
Кире Михаилов истакна дека во следниот период владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на целосно искоренување на криминалот и корупцијата во секторот шумарство како и понуда на нов концепт во шумарството каде што шумите и дрвата ќе бидат од висок интерес на општествената одговорност.
Еден од главните приоритети на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде искоренување на огромниот криминал и корупција кој што е вгнезден во секторот шумарство. За жал тоа е причината поради која во моментов вработените таму се без плата. Ќе мораме претпријатието да го тргнеме од прангите на еден грст фирми кои што во изминатите неколку години од своите складишта продаваат повеќе дрва од јавното претпријатие. Тоа е основната причина поради која граѓаните на Македонија плаќаат енормно висока цена за огревното дрво, и можам да кажам дека тоа е највисоката цена во регионот. Тоа е она кое што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ знае како и ќе го направи. Покрај ова новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нуди нов концепт за шумарството со што идното стопанисување ќе се темели на интегрирано и одржливо шумарство, каде шумите и дрвата ќе бидат од висок интерес на општествената одговорност, истакна Михаилов.