Обвинителен акт за нарко-групата на „Штекли“ – обвинети десетмина

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица осомничени дека биле дел од организирана криминална група за трговија со дрога. Првообвинет е Раде Трајковски, познат како Штекли, кој се смета за водач на мрежата што во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 дистрибуирала кокаин и марихуана на територијата на Скопје.

Според Обвинителството, групата била јасно структурирана, со строго дефинирани улоги – од набавка, складирање и пакување, до транспорт и улична продажба на дрогата. Становите во кои дрогата се чувала биле специјално изнајмени, а преку мрежа на препродавачи таа се продавала по 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин, и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата им биле предавани на Штекли, кој потоа делел награди и даваше инструкции за проширување на мрежата.

Ја користела мрежата Снапчат

Групата најмногу за меѓусебна комуникација користела Снапчат и биле пресретнувани и многу други кривични дела, но за кои, како што се вели во соопштението, ако се тргнело во докажување ќе се оптеретела целата постапка.

Седум обвинети ја признале вината – предлог за продолжување на притвор

Седум од обвинетите ја признале вината и се спогодиле со Обвинителството, при што добиле затворски казни. Против останатите продолжува постапката.

Со поднесениот обвинителен акт, надлежниот обвинител побара и продолжување на мерката притвор за дел од обвинетите, како и куќен притвор за останатите лица вклучени во случајот.