Милион бегалци ја напуштија Украина и заминаа во соседни земји од почетокот на рускиот напад пред недела дена. За ова информираше денеска, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди.
-За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион бегалци од Украина во соседни земји, напиша Гранди на Твитер.
Тој додаде дека за милиони други лица, внатре во Украина, време е оружјето да „стивне”, за да може да пристигне хуманитарната помош и да се спасат човечки животи.