Во текот на 43-тата недела од 2021 година (од 25-31.10.2021), пријавени се 73 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип.
-Заболените лица се регистрирани во Дебар – 32, Охрид – 16, Гостивар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5 и Кавадарци – 3. Во однос на возрасната група од 0-4 години и од 15-64 години регистрирани се по 26 лица, 12 лица се пријавени од 5-14 години и 9 лица од возрасната група над 65 години, велат од Институтот за јавно здравје.
Кумулативно, од почетокот на сезоната, пријавени се 102 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип. Од нив, 33 се од Дебар, 30 од Охрид, 23 од Гостивар, 8 од Скопје, 5 од Тетово и три од Кавадарци. Според возрасната дистрибуција, најголем дел од пријавените 47 се на возраст од 15-64 години.
Инаку од вчера преку страницата vakcinacija.mk почна пријавувањето за вакцинација од сезонски грип, а оваа година набавени се 40 000 бесплатни дози четиритипни вакцини против сезонски грип за ризичните групи.