Според податоците од веб-страницата на форумот, најмногу компании аплицирале аплицирале од Србија – 175, Македонија – 79, Албанија – 28, БиХ – девет и помал број компании од други земји, како што се Австрија, Тајван, Полска и Грција.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и премиерот на Македонија, Зоран Заев, ќе учествуваат на економскиот форум, презентирајќи ја политичката и економската визија за интегрираниот регион.
Иницијативата „Мини Шенген“ води кон воспоставување на заеднички регионален пазар, кој, како преодна форма, треба да го приближи регионот на ЕУ и да го забрза патот кон полноправно членство.
Заедничкиот пазар на Западен Балкан се заснова на принципите на слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, исто како и единствениот пазар на ЕУ.
Пристапувањето кон иницијативата е отворено и за другите економии од Западен Балкан.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера објави дека ќе се смени името на иницијативата „Мини Шенген“ на регионалниот економски форум во Скопје, ќе бидат потпишани три договори и дека на граничните премини ќе се прават „брзи ленти“ за побрз премин на луѓе од регионот.дека има посебни ленти за луѓе од ЕУ на влезот во европските земји.
„Работевме на три документи и верувам дека ќе ги потпишеме во Скопје, тие се важни документи за трговија, работни дозволи и заемна поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи“, рече Вучиќ.