Промовиран е на Институтот за славистика и балтичка филологија во Будимпешта, а содржински е збир на научни текстови од Конески, кои се однесуваат на македонскиот јазик и неговата стандардизација. Внатре е додадена и статијата „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик“ од Крсте Петков Мисирков.
Изборот на текстовите го направи Златко Панзов, лектор по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, а преводот на унгарски е на Анамарија Цинеге-Панзова. Зборникот го промовираше Звонко Танески, македонист кој работи на Универзитетот „Комениус“ во Братислава.
– Со зборникот унгарската публика ќе има можност да се запознае со развојот и кодификацијата на македонскиот јазик и ќе претставува појдовна основа за запознавање на студентите на ЕЛТЕ со проблематиката која се однесува на нашиот јазик. Во период на негирање на македонскиот јазик, ваквите изданија се повеќе од потребни за претставување на нашата страна од приказната, информира Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта.