Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно ќе биде облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во наредните денови следи период на стабилно и суво време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини ќе има појава на магла.