Сите тие возачи ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 400 евра.

-Покрај тоа, екстремно брзите ги очекува и мерка-времено одземање на нивните возачи дозволи од три месеци до една година. Оттаму, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да не возат пребрзо, зашто и условите за движење на возилата деновиве се значително отежнати, пред се поради влажните коловози, а и поради најавите дека претстојат и снежни денови, посебно ако се движат кон Маврово, Стража и Попова Шапка, порача портпаролот Марјан Јпоосифоски.

Воедно бројката од 836 казни претставува значително поголем број во споредба со претходниот месец октомври 2021 кога се регистрирани вкупно 311 пречекорувања на максимално дозволената брзина во тетовскиот регион.

Во ноември 2021 поради неприлагодена брзина според условите на патот регистрирани се 23 сообраќајни несреќи, претежно со посериозни последици, како и 16 излетувања од коловоз.