На територија на општина Илинден за прв пат се воведуваат субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Локалната самоуправа го објави Јавен повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.
Како што изјави градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ.
Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпување на буџетот за таа намена.
За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина
Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.