Премиерот Димитар Ковачевски ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, што ќе се одржи в понеделник, на 7 ноември, во Собранието на Република Македонија.

Средбата која ја свикува претседателот на Владата, како што соопшти владината прес-служба, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, стои во соопштението.

Се уште нема информации за што ќе се разговара, дали за економската  криза или за политичките случувања поврзани со уставните измени.