Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови, според УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната седмица.