И 37 години по изградбата „Palatul Parlamentului“ како што се нарекува на романски предизвикува воодушевување, но и чудење. Од 1984 година кога е изградена до сега е посетена од милиони туристи. Најголем дел се по паѓањето на власт на Николае Чаушеску по чија наредба е изградена оваа палата
Тогаш чинела над 3 милијарди долари. Главен архитект била тогаш најценетиот архитект Анка Петреску а ја граделе дури 20.000 работници.Има 1100 соби, оди 90 метри под земја и долги ходници.За нејзината големина доволни говори тоа што за да ја обиколиш потребни се неколку трамвајски или автобуски линии.
На булеварот пред Палатата се наоѓа голем паркинг на кој младите Романци се собираат навечер со „бесни“ коли и се забавуваат со алкохол и гласна музика.