Поради превртено возило, денеска од 16:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Штип – Миладиновци.
Како што информираа од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар.
На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Гостивар, Дебар, Крушево, Кичево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.
Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Ѓавато.