Италија воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години во обид да го намали притисокот врз нејзиниот здравствен систем и да ги намали смртните случаи.

Мерката стапува во сила веднаш и ќе важи најмалку до 15 јуни.

Од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година, повеќе од 138.000 смртни случаи од Ковид-19 се пријавени во Италија, втора по големина цифра во Европа по Велика Британија.

Владата на премиерот Марио Драги веќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците и здравствените работници, а од октомври лани сите вработени мора да бидат вакцинирани или да направат негативен тест пред да влезат на работното место.

Одбивањето води до отказ без плата, но не и до отказ од работа.