Заев да каже дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи нацијата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Бугарската декларација го негира македонскиот идентитет, историја и јазик. Тоа Заев во минатото јавно неколку пати и го прифатил.

Заев јавно кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се исти и дека зборуваат ист јазик. Заев кажа нешто што најголемите бугарску националисти не можеле ниту да го замислат.

Заев удри и по темелите на македонската историја. Заев јавно кажа дека Делчев е личност на заедничката историја.

Заев ги урна македонските позиции. Тој погази по црвените линии на државата, и сега откако ги сруши позициите глуми преговарач.

Заев не е способен да направи било каков договор кој би бил во корист на Македонија. Со Заев имаме 4 години порази, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!, велат од партијата.