-Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, напиша Филипче на фејсбук, кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев се во посета на Турција.