Озлогласениот поранешен премиер Зоран Заев, иако нема никаква државна функција, денеска отишол на самитот на “Отворен Балкан” во Белград.

Како што објави неделникот Фокус, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Палатата Србија попладнево пристигнал екс премиерот Зоран Заев. Според информациите на “Фокус” тој треба да ја добие наградата за Иницијативата Отворен Балкан, а ќе му ја врачи Стопанската комора.

Сепак, и покрај тоа што тој во моментов нема никаква функција, Заев се придружил на ручекот кој го организира претседателот Вучиќ со премиерите на земјите од регионот.

-Заев пристигна со две коли, една со скопска и една со струмичка регистрација. – пишува Фокус.

Инаку, веќе подолго време на јавноста и се потврдува дека Зоран Заев е човекот кој ги влече конците во владата а Димитар Ковачевски – Таче е само лик кој ги извршува неговите наредби.