Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне, многу поцелисходно би било тоа да го прави од тука.

– Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата, подвлече Заев.

Според премиерот, се што почна минатата Влада и што е добро, сегашната го продолжи.

– „Скопје 2014“ не го продолживме, зашто не беше добар проект. Но, инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка ги продолжуваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на американската компанија за производство на електронски компоненти „Кемет Електроникс“.