И освен што го унапредивме Арачиново за 2 века, одржавме лекции по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон – демек ја разбрале вредноста на заедништвото. А сите знаеме, не се одамна тие времиња, во коишто истите овие кадри од криминалната банда на Груевски, меѓу кои и Мицкоски, го подриваа соживотот, за да го одвлекуваат вниманието на јавноста и слободно да крадат. А потоа други да одговараат. Е тоа го има само во режимот, ама режимот денес го нема, ниту ќе дозволиме да се врати, рече Зоран Заев, претседателот на СДСМ на денешната граѓанска трибина во оваа општина.

Тој потенцираше дека Арачиново е пример дека сите заедно можеме да живееме, да се сакаме и да се почитуваме, што претставува клуч за успехот и напредокот не само на општинити, туку и на државата.

Нашата сила е во заедништвото. А заедништвото е Најдоброто и за Арачиново и за Република Македонија. И затоа – си знаете и вие – на 17 октомври: пенкалото в рака и како што заедно срушивме режим, да не оставиме ни зрак „светла иднина на режимот“, да му го запечатиме местото во минатото, а ние, заедно, повторно со пекналото в врака, да го донесеме НАЈДОБРОТО, додаде Заев.