Бишевац за последните случувања и премислувањето на пратеник за да се урне владата, коментираше дека Заев има историја на купување на пратеници.

„И понатаму тврдам дека тоа што не беше исполнет еден џентрлменски договор, ќе се види многу брзо зошто Реџепи го смени мислењето. Но, таков начин како актуелното владеачко мнозинство ја обезбеди самоизолацијата на г-нот Реџепи, се може да се случи. Знаеме дека Заеви има историја на купување и обезбедување на пратеници, како што беше промената на Уставот“, рече Бишевац.