Драги Рашковски утрово објави дека на 12 април поднел оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.

По информацијата, премиерот Зоран Заев за “Фокус” кусо изјави дека ја прифатил оставката.

-Да, ја прифатив оставката, изјави премиерот Заев.

Рашковски во оставката наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.