– Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев.

Тој вели дека започнати се разговорите со федерациите.

-Голем дел од федерациите спортски го сменија името согласно Уставот, затоа што тие се репрезенти или репрезентации на Cеверна Македонија и редот е да ја претставуваат Македонија. Верувам дека тоа ќе го постигнеме и со фудбалската федерација, додава Заев.