Според него, пандемиската година беше тешка за сите, особено за учениците кои не можеа да се социјализираат и дружат со своите врсници во школо, но и за наставниците и родителите кои ги водеа низ процес на онлајн настава.

-Честитам на сите за досегашните вложени напори за децата да не изгубат од наставата, заеднички успешно се изборивме со психолошко-социјалните предизвици.Затоа оваа учебна година, имајќи постојан прилив на вакцини и значаен процент на вакцинирано население и наставен кадар, како и строги протоколи за заштита на дечињата, го враќаме физичкото присуство во училиштата. Ги враќаме насмевките и дружбата кај учениците. Упатувам уште еден апел до сите возрасни и родители на деца над 12 години, да се вакцинираат што поскоро и сите заедно да придонесеме за ваквото враќање во нормала, кое е најзначајно за децата во развој, потенцира Заев.