Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на „Фејсбук“.

Органите се донирани од 42-годишна пациентка. Трансплантацијата на срце е направена кај пациент кој подолго време бил на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои одат на дијализа.

– Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани, напиша утринава Филипче на „Фејсбук“.

Од мај 2020 година досега извршени се експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега и едно коскено ткиво.