Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и единствена.
– Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан.
Општините, оцени, не доживеале таква поддршка каква што имаат во изминативе четири години.
– Педесет милиони евра дадовме директно за да се одблокираат општините, за да ги вратат своите долговите. Се реализираат и многу проекти поддржани од ЕУ и Европската банка за обнова и развој, од Светската банка, од меѓународни фонадации, но и проекти од централната власт, подвлече премиерот.