Наместо Заев да се бори за црвените линии, да се бори за стратешките интереси, нашите информации говорат дека со видни луѓе од Европската политика Заев на состаноци зборел дека Македонците и Бугарите се ист народ, со ист или сличен јазик. Освен што потврдил дека има скршена кичма, Заев заработи уште една блокада за Македонија. Со вакви предавнички политики нема напредок, а од владата нема демант за ваквите тврдења, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Губитникот Заев со ова ги срушил македонските позиции, и ја девалвира и понижува нацијата. Од новата блокада јасно е и дека не сите држави на ЕУ не ја оправдуваат блокадата од Бугарија. Доколку сите држави во ЕУ беа за почеток на преговори, ќе ја убедеа Бугарија и вето лесно можеше и воопшто да нема, но тоа не е случај. Тоа е така зошто Заев наместо да се потруди и да сработи да добие поддршка од сите земји членки, со реформи и работа, тој прави криминал дома и оди да коленичи во Софија. Со Заев нема напредок, со Заев само се бележат предаства, блокади и застој. Време е да се стави крај на политиките на Заев. Македонија за сите луѓе, велат од партијата.