Констатирано е од двете страни дека интеграциите во НАТО значат стабилност и безбедност за државите во регионот и дека овозможуваат економски развој.

„Изразени се и заложби за евроинтеграциите, како и за примена на европските вредности во земјите, во полза на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и во Северна Македонија и во Косово“, соопштија од Владата.

Министерството за одбрана и Владата на Северна Македонија изразиле подготвеност за споделување искуства на советодавно ниво, во врска со НАТО-интеграциите.

Заедничка оценка е дека Македонија и Косово покажале ниво на политичка зрелост преку изразената солидарност по развојот на настаните во Авганистан, а било разговарано и за важноста од солидарност меѓу државите во регионот, Европа и светот, со цел успешно справување со пандемијата, како и за можностите за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Косово.

До премиерот Заев и до Владата, косовската делегација упати честитки за политиките на дијалог на меѓународен план, што придонесоа за напредокот на земјава и полноправното членство во НАТО, како и очекување да се направат исчекори во европските перспективи.

„Полноправното членство во НАТО значи стабилност, сигурност и безбедност, но придонесе и за зголемување на интересот на странските инвеститори за вложувања во државата, што има придонес во развојот на економијата. Фокусирани сме да го унапредиме животот на граѓаните со примена на европските вредности, посебно во областа на владеењето на правото и во борбата против криминалот и корупцијата, а придонес на економски план има и концептот „Едно општество за сите“ којшто успешно го развиваме и којшто донесе еднакви права, но и одговорности за сите граѓани“, се вели во владиното соопштение.