Како што истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања, секој има право на одмор, но и да одлучува сам.
-Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување. Предмалку стигнав од Луксембург. Не знам. Денеска имав состанок само со министерот за земјоделство, преземаме одредени активности за тутунот, се слушнав и со министерот Филипче со кој подоцна ќе имам состанок за новите состојби во здравството и секако, со дел од мојот Кабинет заради тековни активности. Но, јас ќе проверам уште утре и ќе ја соопштам информацијата, истакна Заев.