Средствата ќе се пласираат преку деловните банки, а се наменети за малите и средните компании, за претпријатија со помалку од 250 вработени, како и за фирми со 250 до 3.000 вработени. Рокот на отплата на кредитните линии е до 12 години, со две години грејс период, зависно дали ќе бидат за инвестиции или за зголемување на потребите за обртни средства.

Како што информира Заев, кредитите ќе им станат достапни на компаниите во јули, кога се очекува да биде склучен договорот на Развојната банка со деловните банки.

Над четири милиони евра ќе биде трошокот на Владата за оваа мерка, но нејзината определба, според премиерот, е да продолжи со фикаслниот стимул на стопанството додека тоа не застане на здрави нозе.

-Денеска Владата донесе одлука да ја субвенционира каматата која Развојната банка ја плаќа кон Европската инвестициска банка при повлекувањето на овие средства. Со оваа одлука донесена на денешната владина седница ќе се обезбедат средства за поддршка на малите и средните претпријатија за заздравување од корона пандемијата, истакна Заев, додавајќи дека овие средства значат нови вработувања и инвестиции, придвижување на економската активност и забрзување на економскиот раст.

Тој рече дека претходните кредитни линии од Европската инвестициска банка пласирани преку развојната банка, покажаа добри резултати.

-Од 2009 година наваму се пласирани пет вакви евтини кредитни линии за стопанството. Сите пет, во вредност од 450 милиони евра се целосно искористени, а поддржани се 2.090 проекти на трговски друштва од областа на производството, услугите, градежништвото, трговијата, транспортот, хотелиерството, транспротот, здравството, образованието. Околу 75 проценти од средствата се искористени за инвестиции и отвроени се над 8.000 нови работни мести. Ова денеска е шеста ваква крединта линија, но овојпат по значително пониска каматна стапка, подвлече Заев.