Како што истакна Заев, Социјалдемократскиот сојуз е исклучително демократска партија и сите одлуки ги носи со согласност од мнозинството.
– Најдоброто во СДСМ е тоа што различните ставови многу често победуваат, дури и кога не се ставови на највисокото раководство, изјави Заев.
Премиерот исто така истакна дека исклучувањето на Димитриевски од СДСМ, било лична одлука токму на актуелниот кумановски градоначалник.
–Кога ќе има спротиставен досегашен член во кој Социјалдемократскиот сојуз вложило во неговата иднина, во неговото работење, направило скалила да расте во својот личен рејтинг а и во својот општествен рејтинг. Максим Димитриевски се одлучи за тоа да истапи од Социјалдемократскиот сојуз и оди како независен кандидат, тоа беше негова одлука и Максим тргна против Максим и СДСМ на Центрлниот одбор треба оваа исклучување од партијата да го констатира.Во Куманово ќе победеи тој што победува веќе 30 години, а тоа е СДСМ, рече Заев.