Премиерот Зоран Заев при неговото вечерашно гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија откри дека Република Македонија може да прими над 1.800 бегалци од Авганистан.

-Нашите капацитети се во илијадници, односно 1.200, 1.800 луѓе, Албанија помеу 2.000-3000 луѓе. Ние сме со потврдени 450 луѓе, а во овие моменти додека разговараме потврдуваме нови 70 лица исто така миротворци и хуманитарци, истакна вечерва Заев.

Тој додаде дека политикантски се коментарите дека нашата земја покажала повеќе волја од поголеми и побогати држави да ги прифати бегалците од Авганистан.