Демонстрантите се раскараа меѓу себе, а говорниците се степаа набината, на протестот против новите анти-ковид мерки кој се одржа пред владата, пренесе А1.он

Кога една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му седоближи на првиот говорник на протестот, кој себе се претстави какопоранешен воен разузнавач, тој агресивно ја истурка од бината, велејќии „тргни се ма ајде“, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови.

Веднаш потоа друга демонстрантка се обиде да му го истргне стативот за микрофонот, но не успеа во својата намера. Кога втората говорничка која се претстави како уметник, го започнасвојот говор, демонстрантите не престанаа да и дофрлаат „е*и симајката курво една“, „кажи кој те плаќа“, „остави го листот, па кажи што имаш“.Првиот говорник кој се претстави како разузнавач, кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протество недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.

„Ќе им порачам на овие позади и сите тие во Собрание, 120 човеканаспроти два милиона, играте мајтап со народот, ковид вирус. Како штогледам во државава и нигде во светот не најдовме ковид вирус, само вомедиумите го има. Медиуми, ако не го пренесете во целост мојот говор,нашето будење ќе се зголеми“, рече говорникот.

Според него, државното раководство зема мито за да ги лаже граѓанитедека постои коронавирусот, а всушност не постоел никаде во светот.На протестот говор одржаа уште двајца демонстранти, кои зборуваа за разединетоста на народот и светски заговори за кои докази билеодредени документарни филмови на социјалните мрежи.