– Твитот што го објавив во однос на случувањата помеѓу Израел и Палестина е соодветен на нашите политики кои повикуваат на престанок на насилството од двете страни, на престанок на нападите врз цивилното население, на дијалог и на мирни решенија онака како што се нашите политики, рече Заев на вечерашната прес-конференција по одржувањето на 26. партиски конгрес.
Заев истакна дека нашата земја е пример, дека дијалогот и дипломатијата можат да даваат решенија на многу тешки прашања.
– Сме го искусиле тоа и верувам дека низ дијалог и дипломатија можат да се изнајдат решенија и за вакви прашања, напомена Заев, одговарајќи на новинарско прашање.