Шефот на владата на Македонија има биографија за која повеќето политичари – не само од Балканот – можат само да сонуваат, пишува денеска српски Курир.
Во интервјуто, Заев отворено говори за неговата прва љубов, извесна Јелена од Горњи Милановац, која како што вели ја запознал додека работел на локалниот пазар.
-Пазарот беше отворен до четири или пет. И веќе од пет-шест, ние младите одевме во кафуле, меана. Таму ја запознав Јелена, мојата прва љубов. Ние сме врсници. Тоа траеше најмалку две и пол години. Секое лето бев во Горњи Милановац. Таа имаше фиксен телефон, но јас немав. За среќа, тогаш имаше телефонски говорници. Еднаш дојде и во Струмица. И моите и нејзините родители го сфатија тоа како детска љубов, повеќе како да сме некои пријатели. И тогаш далечината си го направи своето. Во 1993 година се запишав на Факултетот во Скопје и се посветив на студентските обврски. Знам дека таа сега живее и работи во Белград, дека има своето семејство, децата. Тоа го слушнав случајно пред пет-шест години. Но, тоа беше прва љубов, не се заборава, вели премиерот.