„Расте просечната исплатена нето-плата по вработен. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.540 денари и е за 4,8% поголема од истиот месец лани. Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, напиша Заев на фејсбук.

Покрај растот на просечната плата, како што напиша Заев, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во индустриските зони и историски пад на невработеноста.