Во обраќањето на Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, Заев осврнувајќи се на денешните статистички податоци за БДП, рече дека тие се потврда дека економијата е стабилна и ќе расте.
– Официјално е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава е регистриран позотивен раст на Бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото пологодие од оваа година постогнавме раст на БДП од 5,6 проценти, истакна Заев.
Според проекциите на Владата годинава економијата ќе бележи раст од 4,1 процент, а очекувањата се дека извозот ќе бележи раст од 10,6 проценти и бруто-инвестициите осум проценти.