– Примерот со односот на Заев со Стојко Пауновски е доказ дека Заев не трпи различно мислење, а не пак аргументирано спротивставување. Заев е во паника, не знае како да го одржи мафијашкиот систем кој му се распаѓа и затоа се заканува на сите страни. Ова е матрицата на Заев. Оливер Спасовски на кого му се случија Мафија 1 и 2, во чие време се издавале пасоши на балкански наркобосови е министер, а Стојко Пауновски ќе биде разрешен. Дали ова значи дека првиот работел под негова наредба, а Стојко Пауновски не и затоа се менува, прашуваат од партијата.

– Дали Заев призна дека сите функционери кои прават криминал, скандали и афери и не се сменети е затоа што работат под негова команда и затоа се привилигирани, а оние кои ќе покажат став ќе бидат сменети?! Заев на дело го покаже своето вистинско лице, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.