Тој повторно го потенцираше, она што за што вели, верува дека е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса.
Премиерот додаде дека земјава нема да се откаже од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди, но вели дека има некои прашања за кои не може да се преговара.
– Северна Македонија нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди. Посветени сме да работиме со добра волја на имплементација на Договорот за пријателство и добрососедство на сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историски прашања, но има некои прашања за кои не може да се преговара, додаде Заев.