Заев најави дека продолжи да се бара начин за надминување на спорот со Бугарија.

-С Македонија нема да отстапи од изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со Република Бугарија, засновано врз европски врендости и стандарди. Посветени сме да работиме со добра волја на имплементација на Договорот за пријателство и добрососедство, во сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историско – обрзовни прашања. Но, има некои прашања за кои навистина не може да се преговара. Брисел треба чесно да се соочи со ситуацијата во која е ставена стратешката определба за натомошно проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и да смогне сили да го објави тоа решение до Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи оваа есен. Ја имаме поддршката на САД во овој поглед и тоа е од огромна важност. Сега повеќе од кога било едногласни сме дека унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизација на Балканот“, рече Заев.