-Го сменив името на земјата, а потоа победив на изборите. И тоа е затоа што граѓаните почнаа да веруваат во иднината. Кога го потпишав Договорот од Преспа со тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас во 2018 година, 85% од граѓаните беа против. Ми се заканија, запалија пожар пред мојата куќа, имаше хаос во земјата и имаше протести и во Грција. Потоа победив на изборите. Тоа значи дека ако сериозно знаете дека правите нешто добро за земјата и граѓаните, тогаш треба да донесувате одлуки, иако населението не ги поддржува и не треба да се мисли на својата кариера “, е неговата изјава за виенскиот дневен весник „ Стандард“.